Храбриот Лече до бод, Јуве не може без Роналдо (ВИДЕО)

twitter.com/juventusfcen

Во деветтото коло од италијанската Серија А, фудбалерите на Лече направија големо изненадување на домашен терен откако ремизираа со повеќекратниот шампион Јувентус (1:1).

„Бјанконерите“ го отворија натпреварот на одличен начин иако во составот не беше првата ѕвезда на „Старата дама“, Кристијано Роналдо.

Уште во 15. минута од средбата после акцијата на Сандро и Игуаин, Аргентинецот ја затресе мрежата, но голот беше поништен поради офсајд.

Едвај поминаа три минути од второто полувреме, Јувентус доби пенал после прекршокот на Петричоне на работ од казнетиот простор. Прецизен од белата точка беше Пауло Дибала кој го доведе својот тим во водство.

Само пет минути траеше радоста на Јувентус, бидејќи главниот судија покажа уште еднаш на белата точка (де Лихт играше со рака), а за израмнување се погрижи Марко Манкосу.

Тргна шампионот со сите сили да ја врати предност, се закануваше преку Дибала, Квадрадо, Де Лихт, Бетанкур, но без промена на резултатот.

Екипата на Маурицио Сари би можела после долго време да остане без лидерската позиција на Апенините доколку Интер вечерва триумфира над Парма.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот