Мајкрософт стана највредна компанија во светот

Мајкрософт / Фото EPA-EFE/DAN HIMBRECHTS AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Мајкрософт денеска го надмина Епл по пазарна капитализација и стана највредната компанија во светот, чии акции се тргуваат на берзата, бидејќи извештајот за бизнисот на американскиот производител на „Ајфон“ не ги исполни очекувањата.

Во тргувањето на Волстрит до 10:30 часот по источно време, Мајкрософт имаше пазарна капитализација од 2,45 трилиони долари, додека Епл имаше пазарна капитализација од околу 2,41 трилиони долари, пренесува Си-Ен-Би-Си.

Епл во четвртокот вечерта извести дека периодот јули-септември, што е четврти квартал во фискалната година на компанијата, остварил приходи од 83,4 милијарди долари поради проблеми во синџирот на снабдување.

Извршниот директор на Епл, Тим Кук, смета дека недостигот на приходи е проценет на шест милијарди долари и дека очекува влошување на проблемите со синџирот на снабдување во кварталот октомври-декември.

Иако продажбата на „Ајфоните“ на Епл се зголеми за 47 отсто во однос на претходната година, таа исто така не е адекватна со очекувањата на аналитичарите.

Мајкрософт доминира

Од друга страна, Мајкрософт деновиве објави дека остварил 22 отсто поголеми приходи во првиот фискален квартал во споредба со истиот период лани, што беше најбрзиот раст од 2018 година.

Акциите на Мајкрософт скокнале за речиси 47 отсто.

Епл е првата компанија во светот што достигна пазарна капитализација од 1,0 трилиони долари во 2018 година, и првата што го надмина нивото од 2,0 трилиони долари минатата година.

Сепак, во јуни 2020 година, Мајкрософт успеа да го надмине Епл во однос на пазарната капитализација, бидејќи пандемијата предизвика хаос во синџирите на снабдување, достигнувајќи пазарна вредност од 2.000 милијарди долари по првото големо ажурирање на својот пазар во последните пет години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот