Мајка – мета на критики: Децата ѝ имаат стомачни мускули, ја обвинуваат дека ги форсира

Фото: Инстаграм/Џеси Џејмс Декер

Американската кантри-пејачка Џеси Џејмс Декер (34) шокираше многумина откако сподели фотографии од своите деца, на кои се гледаат нивните истакнати стомачни мускули. Таа го припиша тоа на семејната генетика и физичката активност на децата, пишува „Дејли мејл“.

На снимката се осумгодишната ќерка Вивијан, која вежба гимнастика, седумгодишниот син Ерик Џуниор, кој оди на фудбал и четиригодишниот син Форест, кој сака да танцува.

„Не планирав да зборувам за ова бидејќи е вознемирувачко, но фотографиите се објавени и сите весници пишуваа за тоа. Кога ги објавив тие фотографии, на кои се моите деца додека си играат на плажа за време на нашиот излет на Денот на благодарност, јас не очекував дека ќе добијам такви реакции“, напиша мајката на Инстаграм.

„Јас би сакала да израснам деца кои се горди на своите тела и на својата напорна работа. Од Вивијан и елитната натпреварувачка гимнастика, до Ерик Џуниор кој сака да биде рагбист како татко му, па сѐ до малиот Форест, кој поминува часови танцувајќи“, додала таа.

„Ајде да не пребираме што е нормално во однос на телата и да ги прифатиме сите луѓе и деца. Јас сум горда на своите деца и ги охрабрувам да си ги живеат своите сониште. Значи, се гледаме на Олимписките игри во 2032 година, на трибините со рагби дресови и рок-концертите на Форест“, им порачала на сите оние кои ја критикуваат.

„Ова не изгледа добро… Извини, но не изгледа“, гласи еден од коментарите под нејзината објава, а Џеси на тоа вели: „Тажен е овој свет во кој е чудно да се има здрав и фит деца, кои се супер активни, се занимаваат со спорт и природно градат мускули“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот