Мајк Тајсон уверен во бизарна теорија: Богаташите ги киднапираат бездомниците, а потоа ги ловат

Фото: Профимедиа

Поранешниот боксерски шампион Мајк Тајсон беше гостин во подкастот „The Joe Rogan Experience“ каде што изнесе прилично бизарна теорија.

Тајсон гостувајќи во контроверзниот подкаст, рече дека е убеден дека богатите ги киднапираат бездомниците и ги ловат на нивните приватни имоти.

„Постојат такви специјални кампови и слично. Тие луѓе поседуваат илјадници хектари и ништо не расте на нив“, рече Ајрон Мајк, а Роган додаде дека е убеден дека некаде во светот постои некој што платил некому да лови личност. 

„Еве што се случува: ги тргаат бездомниците од улица. Ги ставаат таму, ги носат во една од оние специјални болници. Потоа ги земаат од болница, сите дрогирани, ги носат на тие големи имоти и потоа започнува ловот. Тоа е една уникатно предизвикувачка потера за нив, сè друго е премногу лесно“, ја раскажа Тајсон неговата теорија, која е сосема слична на заплетот на филмот „Тешка цел“ на режисерот од Хонг Конг, Џон Ву, а Роган се согласи со него.

Покрај дискусијата за чудната теорија на Тајсон, тие разговараа и за неговите миленици тигри, како и за неговото психоделично патување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот