Магдебург го „смрзна“ Е. Пелистер на минус осум

Ракометарите на Е. Пелистер доживеаја убедлив пораз од Магдебург од 24:32 во првиот осминафинален натпревар во Лигата на Европа. Убедливиот пораз во Битола, значи дека дека Е. Пелистер настапите во Лигата на Европа ќе ги заврши во првата елиминациска фаза.
Иако најавуваа дека ќе се обидат да го изненадат второпласираниот тим во германската Бундеслига, на крајот доживеаја убедлив пораз.

фото: Е: Пелистер

Магдебург фуриозно го започна натпреварот и поведе со 0:4, додека избраниците на Жељко Бабиќ првиот гол го постигнаа во седмата минута и тоа преку Мараш. Костески веднаш постигна гол со кој намали на 2:4, но одговорот на германскиот тим беше серија од шест гола за водство од 3:10 во 18. минута. Првиот дел заврши со водство на Магдебург од 9:15.
Второто полувреме започна со три гола во низа на Германците, додека на битолчани им беа потребни пет минути за да го постигнат првиот гол за 10:18.

фото: Е: Пелистер

До крајот на натпреварот, ракометарите на Магдебург го котролираа и резултатот и ритамот на игра и ја одржуваа разликата од седум до девет гола за на крајот да слават со 24:32.

Стипе Мандалиниќ со шест гола беше најпрецизен во редовите на Еурофарм Пелистер, пет даде Граџан, а по три гола дадоа Периќ и Мараш. Во тимот на Магдебург најдобар беше Магнусон со десет гола.
Реваншот кој ќе претставува формалност ќе се игра идната недела, но за ракометарите на Е. Пелистер далеку поважно ќе биде саботното дерби против Вардар во домашниот шампионат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот