Магдалена Стоилковска напредуваше за 33 позиции на ВТА листата

фото: mtftennis.mk

Новото рангирање на ВТА листата донесе нов напредок на македонската тенисерка Магдалена Стоилковска.

Стоилковска сега со шест поени се наоѓа на 1312 место и има скок од 33 позиции. Тоа се должи на поенот од Врњачка бања.

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа исто така има подобар ранг и сега се наоѓа на 226 место (скок за седум позиции) со 322 поени, но во конкуренција на двојки таа има пад од 20 места. Сега се наоѓа на 303 место со 255 поени.

Македонија ќе има три преставнички на главниот турнир на фјучрсот во Скопје Триглав Опен што стартува денеска на терените на ТК Југ и се игра за награден фонд од 40.000 долари.

Ѓорческа е слободна во првото коло, Стоилковска на стартот ќе игра против Лексие Стивенс од Холандија, додека Ива Данева за противничка ќе ја има Ксенија Ласкутова од Русија (27 години, 459 место ВТА).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот