Мадуро: Ќе бидам првиот што ќе ја прими руската вакцина

Фото ЕПА

Датумот на испорака за пратките на вакцината во Венецуела сè уште не е познат.

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, изјави дека ќе биде првиот човек во земјата кој ќе ја прими неодамна најавената руска вакција против Ковид-19, „Спутник V Ковид-19“ кога ќе пристигне во Венецуела, пренесува РТ.

– Мило ми е што Русија ќе биде првата земја во светот што ќе го вакцинира своето население. Ќе дојде време кога сите ќе се вакцинираме, а првиот што ќе се вакцинира сум јас. Ќе ја примам и ќе дадам пример –  рече Мадуро во телевизиското обраќање во неделата.

Руската вакцина против Ковид-19, наречена „Спутник V“, е прва во светот што доби со официјално одобрување и веќе влезе во производство. Според руските власти, околу 20 земји изразиле интерес за неа. Датумот на испорака за пратките на вакцината во Венецуела сè уште не е познат.

Според последните бројки од ресурсниот центар за коронавирус „Џон Хопкинс“, Венецуела потврдила над 33.750 случаи позитивни на Ковид-19, а бројот на починати е 281 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот