Луѓето панично купуваа храна поради коронавирусот, а сега ја фрлаат: Дел од производите завршија во ѓубре

ФОТО: Profimedia

Леб, презреани банани и неотворни пакувања намирници завршија во ѓубре.

Откако започна пандемијата на коронавирусот, многумина се затрчаа во супермаркетите и трупаа во колички сè што можеа да најдат, а неколку недели подоцна во Велика Британија, добар дел од купената храна заврши во ѓубре зошто ѝ истече рокот на траење.

Поранешниот британски либерал – демократски пратеник Аџит Синг Атвал на Твитер објави фотографија од канта за ѓубре во Дарби, која е полна со фрлена храна.

Леб, презреани банани и неотворни пакувања намирници завршија во ѓубре.

 

„На сите жители во овој наш прекрасен град Дарби, ако во паничното купување сте натрупале храна која не ви треба и инаку не би ја купиле, добро погледнете во огледало“, напиша Атвал покрај фотографиите.
„Би требало финансиски да се казна“, коментираше еден негов следбеник.

 

„Каква штета. Неверојатно е колку оваа храна би му помогнала на некој на кој му е потреба, ама алчност“, додаде друг.

„Се надевам дека ќе сфатат колку го посрамотија општеството и себеси“, нагласи трет.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот