„Луфтханза” им го продава на Швајцарци европскиот кетеринг бизнис вреден повеќе од милијарда евра

Германската авиокомпанија Луфтханза објави денеска дека на швајцарската фирма „Гејтгруп” му го продава својот европски бизнис за кетеринг и уште две други подружници на „ЛСГ Групацијата” за угостителство и услуги, без да се открие висината на договорот за продажба.

Договорот се однесува на угостителската фирма „ЛСГ Европа”, добавувачот на храна за пакувања  „Еверстат” и операторот за малопродажба „Рингелтауб”, се вели во соопштението на Луфтханза.

Тие тројца членки на Групацијата ЛСГ имаат 7.100 вработени, и остварија приходи од приближно 1,1 милијарди евра минатата година.

Луфтханза додаде дека продажбата нема да има големо влијание врз нејзиниот профит оваа или следната година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот