Лудогорец и Легија со интерес за поранешниот македонски селектор Ангеловски

игор ангеловски мрме
Македонскиот екс селектор Игор Ангеловски/Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Игор Ангеловски направи вистински „бум“ со Македонија во квалификациите за ЕП, првпат во историјата ја однесе оваа репрезентација на големо натпреварување, а таму не се посрамотивме иако не освоивме ниту еден бод.

По шест години на чело на Македонија, Ангеловски си замина по Европското првенство, а сега по половина година би можел да ја продолжи селекторската работа во соседна Бугарија.

Како што пишуваат бугарските медиуми, Ангеловски е кандидат број еден за нов тренер на Лудогорец. Клубот од Разград неодамна му врачи отказ на Валдас Дамбраускас и привремено го води Станислав Генчев, додека не се најде нов шеф на стручниот штаб.

Ангеловски излезе како кандидат број еден, но има Лудогорец и ривал во борбата за неговиот потпис.

Полјаците пишуваат и дека името на нашиот стратег се споменува како опција за нов тренер на Легија. Тимот од Варшава има лош старт на сезоната, моментно претпоследна е на табелата со шест последователни порази и итно треба некој кој ќе ја врати екипата на победничките патеки додека не биде доцна.

Ништо од Ангеловски, нов тренер на Хајдук е Литванецот Дамбраускас

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот