ЛШ: Најнеизвесно во групата „Б“, Реал стравува од испаѓање, Интер мора да победи!

фото: твитер

Денеска ќе ги дознаеме сите патници во осминафиналето на Лигата на шампионите, кој се сели во Лига Европа, а кој ќе го заврши меѓународниот настап.

Во групата „А“ актуелниот европски првак Баерн е сигурен учесник во нокаут-фазата, битка за второто место се води помеѓу Салцбург и Атлетико. Триумфот е единствена опција за Австријците, а со пораз би можеле дури и да останат без Лига Европа доколку Локомотив слави кај баварскиот гигант.

Најинтересно е во групата „Б“ каде што сите четири екипи се во трка за пласман во следната фаза, Интер се надева на три бода против Шахтјор, а тренерот на „неро-аѕурите“ не верува дека Борусија Менхенгладбах и Реал Мадрид ќе одиграат нерешено.

Во Лигата на шампионите не постојат договори, секој игра за себе

Составот на Зинедин Зидан нема да калкулира, францускиот стратег најави победа против водечката Борусија која пак нема да се предаде против „кралевите“. Шахтјор двапати го совлада Реал, па сигурно ќе го даде сиот максимум и докаже против миланската екипа зошто заслужува да биде дел од нокаут-фазата. Севкупно ќе гледаме една неизвесна борба до самиот крај..

Во групата „Ц“ Манчестер сити и Порто се веќе осминафиналисти, единствено ќе се води битка помеѓу Олимпијакос и Марсеј за место во ЛЕ.

Реал може да остане без Европа, а Зидан не е загрижен!

Ливерпул од претходно го обезбеди првото место во групата „Д“ во која Ајакс и Аталанта во директна пресметка ќе играат за втората позиција. На Холанѓаните им е потребна победа, во спротивно ќе продолжат во второто по квалитет најдобро натпреварување.

Лига на шампиони 2020/21

Последно 6. коло, двојки –

Група „А“:

Баерн Минхен – Локомотив Москва (21.00)
Салцбург – Атлетико Мадрид (21.00)

Табела: Баерн Минхен 13, Атлетико Мадрид 6 Салцбург 4, Локомотив 3.

Група „Б“:

Интер – Шахтјор Доњецк (21.00)
Реал Мадрид – Борусија Менхенгладбах (21.00)

Табела: Борусија Менхенгладбах 8, Шахтјор Доњецк 7, Реал Мадрид 7, Интер 5.

Група „Ц“:

Манчестер сити – Марсеј (21.00)
Олимпијакос – Порто (21.00)

Табела: Манчестер сити 13, Порто 10, Олимпијакос 3, Марсеј 3.

Група „Д“:

Ајакс – Аталанта (18.55)
Мидтјиланд – Ливерпул (18.55)

Табела: Ливерпул 12, Аталанта 8, Ајакс 7, Мидтјиланд 1

ВИДЕО: Шоу на Роналдо на „Камп Ноу“, Јунајтед заврши во Лигата на шампионите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот