Реал може да остане без Европа, а Зидан не е загрижен!

Фото: принтскрин/твитер

Зинедин Зидан можеби пред себе го има најголемиот предизвик овој период оваа сезона и неговиот обид да остане и натаму како тренер на Реал Мадрид.

Францускиот стратег в среда во последното шесто коло од Лигата на шампионите на домашен терен ќе ја пречека екипата Борусија Менхенгладбах и не смее да си дозволи нов лош резултат, во спротивно би можел наскоро да добие отказ за кој веќе се шпекулира неколку пати годинава.

Во групата „Б“ Реал е третопласиран со седум бодови колку што има и второпласираниот Шахтјор Доњецк, лидер е Борусија (М) со осум, а шанса за првите две позиции има и последниот Интер (пет бодови).

Реал двапати беше подобар од Интер, но двапати загуби од Шахтјор. На патот кон нокаут-фазата не би му одговарало ниту бод на „кралскиот“ клуб, доколку Украинците исто така ремизираат на „Џузепе Меаца“.

Шпанските гиганти доколку загубат од Менхенгладбах, а Интер триумфира, не само што нема да се најдат на една од првите две позиции, туку ќе го загубат и третото место кое води во Лига Европа и како последни ќе го завршат невообичаено многу рано меѓународниот настап што би било многу лошо по статусот на Зидан, но тој не е загрижен и не се плаши од отказ:

– Сакаме утре да освоиме три бода и да завршиме како првопласирани во групата. Ова е одлична можност за нас да покажеме дека сме тим. Само размислуваме да се пласираме во следната фаза од натпреварувањето – рече Зидан.

Фото: EPA-EFE/JUANJO MARTIN

– Не се плаши од отказ –

Поради серијата лоши резултати, Зидан е под голем притисок пред решавачкиот меч во ЛШ..

– Јасно ми е дека бараме од играчите да играат максимално на секои три дена, но имаме многу натпревари против многу добри тимови и мора да победиме. Против Барселона, Интер и Севиља не се покажавме како подобар ривал. На некои други средби бевме многу подобри од противниците, но не успеавме да победиме.

Не размислувам за можен отказ. Размислувам само на пласман во следната рунда и за ништо друго. Играчите размислуваат на ист начин. Медиумите можат да пишуваат што сакаат, но знаеме која е нашата цел. На крајот на денот клубот е тој што одлучува – додаде Зидан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот