ВИДЕО: Шоу на Роналдо на „Камп Ноу“, Јунајтед заврши во Лигата на шампионите

epa08871496 Juventus' striker Cristiano Ronaldo celebrates after scoring the 0-3 from the penalty during the UEFA Champions League group G between FC Barcelona and Juventus at Camp Nou stadium in Barcelona, Catalonia, Spain, 08 December 2020. EPA-EFE/Alberto Estevez

Фудбалските фанови дури 947 дена чекаа на нов меѓусебен дуел на Лионел Меси и Кристијано Роналдо и вечерва воочија вистинско шоу на Португалецот.

Роналдо со два гола е најзаслужен за убедливиот триумф на Јувентус од 0:3 на „Камп Ноу“ против „очајната“ Барселона, за на крајот „Старата дама“ да заврши прва во групата Г, иако до вечерва каталонскиот тим имаше максимални 15 бода од пет кола.

Првиот гол Роналдо го постигна во 13. минута откако Араухо го собори Португалецот во шеснаесетникот. Само седум минути подоцна Барселона доби нова шлаканица, овој пат одличната акција на „старата дама“ ја круниса МекКени.

Конечниот резултат го постави Роналдо и тоа повторно од пенал и го постигна посакуваниот трет гол со кој неговиот тим токму за еден гол разлика го освои првото место.

Манчестер јунајтед најверојатно е елиминиран од Лигата на шампионите откако во последното коло загуби од Лајпциг со 3:2. Во групата Х, Лајпциг е прв со 12 бода, Јунајтед има девет исто колку што има и ПСЖ чиј натпревар против Башакшехир е прекинат. Доколку се доигра натпреварот во наредните денови, на францускиот тим му е доволен и еден бод за да обезбеди пласман во осминафиналето, а доколку победи тогаш ќе го освои првото место во групата.


Фудбалерите на Лајпциг доминираа во најголем дел од натпреварот, водеа со 3:0, им беше поништен уште еден гол, за во финишот Јунајтед за две минути да постигне два гола и да ја врати неизвесноста. На головите на Анхелино, Хаидара и Клајверт, Јунајтед одговори со головите на Бруно Фернандеш и Погба, но немаше сили за трет гол со кој ќе се спасеа од испаѓање од Лигата на шампионите.

Резултати:
Група Е
Челси – Краснодар 1:1
Рен Севиља 1:3
Табела: Челси 14, Севиља 13, Краснодар 5, Рен 1

Група Ф
Лацио – Бриж 2:2
Зенит – Борусија Д. 1:2
Табела: Борусија 13, Лацио 10, Бриж 8, Зенит 1

Група Г
Барселона – Јувентус 0:3
Динамо Киев – Ференцварош 1:0
Табела: Јувентус 15, Барселона 15, Динамо Киев 4, Ференцварош 1

Група Х
Лајпциг – Манчестер јун. 3:2
ПСЖ – Башакшехир прекината
Табела: Лајпциг 12, ПСЖ 9 (од пет натпревари), Манчестер јун. 9, Башакшехир 3 (од пет натпревари)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот