Во Лигата на шампионите не постојат договори, секој игра за себе

epa08848854 Inter's coach Antonio Conte during the Italian Serie A soccer match US Sassuolo vs FC Inter at Mapei Stadium in Reggio Emilia, Italy, 28 November 2020. EPA-EFE/SERENA CAMPANINI

Тренерот на Интер, Антонио Конте, ја отфрли можноста Реал Мадрид и Борусија Менхенгладбах да одиграат нерешено со што и двата тима ќе одат во осминафиналето, а ќе извисат „нероаѕурите“.

Во пресрет на последното коло од групата Б во Лигата на шампионите, Борусија Менхенгладбах е лидер на табелата со осум бода, Реал Мадрид и Шахтјор имаат по седум, додека Интер е последен со пет бода, но има реални шанси да дојде до второто место.

– Не размислувам за теории на заговор. Лигата на шампионите е најсилно европско клупско натпреварување и тука нема никакви договори. Не сум загрижен за исходот од натпрварот во Мадрид, не сакам да се оптоварувам со други натпревари – изјави Конте.

Пред одигрувањето на последното коло во група Б кое ќе се игра утревечер, само една работа е сигурна, дека Борусија Менхенгладбах ќе ги продолжи настапите или во Лигата на шампионите или во Лигата на Европа, додека останатите три екипи мора да играат на победа.

Доколку Шахтјор го победи Интер во Милано тогаш украинскиот тим сигурно ќе игра во осминафиналето на ЛШ заедно со победникот од дуелот кој ќе се игра во Мадрид.

Единствената опција за Интер да остане во ЛШ е да го победи Шахтјор, а натпреварот во Мадрид да не заврши нерешено. Доколку и двата натпревари завршат без победник, тогаш во осминафиналето ќе играат Борусија и Шахтјор кој има подобар меѓусебен скор со Реал Мадрид.

Сите екипи ќе играат за себе. Се надевам дека медиумите нема да се занимаваат со глупавите шпекулации. Размислувам само како да го победиме Шахтјор кој е одличен тим – вели Конте.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот