ЛШ: Цел меч за Ристовски, Динамо Загреб одигра реми со Легија

Фото: EPA-EFE/ANTONIO BAT

Се одиграа уште три натпревари од третото квалификациско коло во Лигата на шампионите, составот на Динамо Загреб ремизираше на домашен терен (1:1) против Легија.

Во составот на хрватскиот шампион поради повреда го нема македонскиот репрезентативец Аријан Адеми, додека Стефан Ристовски го одигра целиот меч против Полјаците.

Токму нашиот дефанзивец ја подаде топката со Иванушец, овој убаво центрираше во казнетиот простор на Легија, највисоко скокна Петковиќ и со глава ја смести топката во мрежата на немоќниот голман Боруч.

Конечниот епилог беше поставен во 82 минута кога гостинската екипа реализираше погодок преку Албанецот Мучи.

Потсетување дека правилото „гол на гости“ од оваа сезона не важи, па така сè е отворено на реваншот кој е закажан за 10 август.

Унгарскиот Ференцварош дома обезбеди убава предност пред возвратната пресметка против Славија Прага од Чешка (2:0), а со истиот резултат славеше и португалската Бенфика на гостувањето кај Спартак Москва во Русија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот