ЛОШИ МОМЦИ СО ДЕБЕЛИ ДОСИЕЈА: Кои се жртвите во мафијашката пресметка во Црна Гора

Фото: Принтскрин/Barinfo Tv

Црногорецот Јован Клисиќ кој утринава загина во пукањето во Бар, Црна Гора, од претходно ѝ бил познат на полицијата, а тамошните медиуми го означуваат како еден од лидерите на кланот од ова место. И Велизар Гардашевиќ, кој е ранет во престрелката, исто така се смета полицијата го има означено како личност од висок интерес за безбедносните органи, пренесе српски „Блиц“.

Откако непознатите напаѓачи испукале повеќе куршуми кон Гардашевиќ и Клишиќ, двајцата се пренесени во болница, но Клисиќ им подлегна на повредите. Напаѓачите, пред да избегаат од местото на настанот, направиле целосен хаос на паркингот, оштетувајќи повеќе автомобили и контејнери. Набрзо потоа е пронајден и автомобил во пламен, за кој се претпоставува дека е користен при убиството.

Јован Клисиќ, откако во август оваа година излезе од затвор повеќе пати е претресуван од страна на полицијата и е повикан на информативни разговори. Причината за тоа веројатно е, како што пренесуваат црногорските медиуми, што е означен како еден од лидерите на кланот во Бар.

Тој повеќе пати е апсен од полицијата поради различни кривични дела, а судот во Подгорица во 2016 година ја потврди пресудата со која е одлучено дека државата му должи 4.500 евра поради тоа што поминал четири месеци во притвор без основа. Клишиќ побарал 12.000 евра отшета за претпрени душевни боли поради неоснованото лишење од слобода.

Клисиќ е уапсен и во 2017 година, кога полицајците кај него пронашле 18 куршуми, а тогаш е претресуван и поради тоа што во евиденцијата е означен како член на криминална група која ја предводел сега покојниот Армин Муса Османагиќ.

Кога Армин Муса Османагиќ е убиен во градината на локалот „Ле Есквина“, Клисиќ испукал неколку куршуми, поради што заврши на суд. Тој се бранеше со објаснувањето дека тоа го направил од страв и дека немал намера никого да убие.

Вреди да се напомене дека тој Клисиќ бил во голем судир со Лука Ѓуровиќ, чиј брат Јован неодамна беше ранет во Амстердам. И покрај тоа што убиството на Османагиќ од 2014 никогаш не е расветлено, се верува дека е нарачано од редовите на кланот на Лука Ѓуровиќ, кој настрада во сообраќајна несреќа пред ликвидацијата на Османагиќ.

Велизар Гардашевиќ, кој полицијата го сметаше за личност од висок интерес за безбедносните органи, според пишувањето на медиумите во август оваа година бил мета на инцидент, кога вооружен маж со маска на лицето влегол во ресторанот „Савоја“ во Бар, каде Велизар бил редовен гостин, и се случила вооружена пресметка. Сега, на истото место е убен Клисиќ, а ранет Гардашевиќ.

Тој е апсен во јуни минатата година кога припадниците на Интервентната единица кај него најдоа пиштол со шаржер во кој имало пет куршуми. Гардашевиќ во 2014 година беше осуден на шест месеци затвор поради закани за еден човек во Бар, на кого му велел дека ќе го повреди доколу не му го даде закупот на една плажа во Чањ.

Освен тоа, тој во 2015 година е осомничен за обид за изнуда, кога заедно со некои членови на загоричкиот клан се обидел од жител на Бар да изнуди 205.000 евра и две луксузни возила, БМВ и „мерцедес“.

 

МАФИЈАШКА ПРЕСМЕТКА ВО ЦРНА ГОРА: Убиен еден од лидерите на кланот од Бар (ВИДЕО)

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот