Лига на шампиони: Аталанта сонува „чудо“ против Реал Мадрид!

epa09028532 Atalanta's Luis Muriel (R) scores the 3-1 lead during the Italian Serie A soccer match between Atalanta BC and SSC Napoli in Bergamo, Italy, 21 February 2021. EPA-EFE/PAOLO MAGNI

Гостите воглавно досега доминираа во првите натпревари од осминафиналето во Лигата на шампионите, останува да се види дали ќе биде така и на вечерашните дуели од 21.00 часот помеѓу Аталанта-Реал Мадрид и Борусија Менхенгладбах-Манчестер сити.

Иако мадридскиот гигант е без конкуренција кога се во прашање титулите европски шампин, со дури 13 освоени трофеи, во претстојниот дуел со Италијанците во Бергамо сигурно би бил и задоволен со бод.

Во секоја друга ситуација не би изгледало така, но тренерот на „кралевите“ Зинедин Зидан ја одведе екипата на мегдан со калчолигашот без дури девет првотимци.

Французинот не може да смета на Бензема, Рамос, Азар, Карвахал, Марсело, Милитао, Одриозола, Валверде и Родриго кои се жалат на повреда. На спротивната страна ќе недостасува само повредениот Хатебур.

На Борусија Менхенгладбах не му оди најдобро во Бундеслигата каде што нема триумф во последните четири натпревари, додека „граѓаните“ доминираат во Премиер лигата, редат победи и моментно се на врвот во тоа натпреварување.

Поради ситуацијата со ковид-19 овие две екипи ќе ги одмерат силите во унгарскиот главен град Будимпешта.

– Додека работев во Германија видов дека станува збор за голем клуб. Ги гледав и нивните мечеви во групната фаза, со Интер и Шахтјор. Го почитувам нивниот стил на игра и очекувам интересни средби. Секако од наша страна ќе го дадеме максимумот да се пласираме во следната фаза – вели Пеп Гвардиола, менаџерот на Сити.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот