Лига Европа: Еурофарм Пелистер двапати против Татабања во Битола

Фото: instagram.com/rkeurofarmpelister/

Ракометарите на Еурофарм Пелистер се вратија од Загреб, каде минаа шест дена и одиграа три контролни натпревари. Најпрвин битолчани ремизираа 26:26 со Целје Пивоварна Лашко, загубија од ППД Загреб со 26:23, а триумфираа над Горица (27:24).

Тренерот Жељко Бабиќ очекува полека да го комплетира ростерот со враќањето на повредените ракометари и учесниците на Светското првенство во Египет.

Бојан Маџовски со терапија го лекува скршениот прст на пријателскиот натпревар против Чиле пред СП. Неговото враќање се очекува кон средината на следниот месец. Потоа, Мартин Велковски и Марио Танкоски се подлегнати на магнетна резонанца, откако со болки се вратија од Мундијалот. Од резултатот на снимката ќе се знае нивното враќање во тимот.

Томислав Кушан работи индивидуално со помошниот тренер Божидар Мојсов во Битола и се очекува деновиве да се приклучи кон тренинзите со екипата.

Воедно од Европската ракометна федерација (ЕХФ) информираа дека има измена на термините на натпреварите на Еурофарм Пелистер против унгарската Татабања во групата „Д“ на Лига Европа.

Двата клуба се договорија мечевите да се играат во Битола, но наместо на 9 и 10 февруари, ќе се одржат на 10 и 11 февруари.

10 февруари: Еурофарм Пелистер-Татабања
11 февруари: Татабања-Еурофарм Пелистер

Претходно на 6 февруари ракометарите на Бабиќ ќе ги одмерат силите против ППД ЗАгреб во СЕХА Гаспром лигата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот