Левучари, среќен нека ви е денот: Овие се најпознатите луѓе кои ја користат претежно левата рака! (ФОТО)

Фото: Профимедиа

Левата страна порано се поврзувала со окултни сили: се поврзувала со се што било ѓаволско, корумпирано, за разлика од десната, која била симбол на чистота и правда…

Иако времињата се променија, левучарите се уште се стигматизирани, а светот се уште е поприлагоден исклучиво на десничарите.

Меѓународниот ден на левучарите, кој се слави токму на овој ден, 13 август, им оддава почит на „левучарите“ кои често биле угнетувани заради нивните необични карактеристики. Во старите традиции, употребата на левата рака се сметала за „зло“. Всушност и денес за некоја неспретна личност се вели дека е „лев“ или „левак“? Левата страна порано се поврзувала со окултни сили: асоцирала на се што е ѓаволско, корумпирано, за разлика од десната, која била симбол на чистота и правда.

Иако времињата се променија, левучарите се уште се стигматизирани, а светот се уште е поприлагоден исклучиво на десничарите. Во некои училишта, наставниците ги охрабруваат децата да пишуваат со десната рака, а во некои пак дури и ги казнуваат оние кои пишуваат со лева рака.

Фото: Профимедиа

Кога ги извршуваат секојдневните активности, дури и управувањето со наједноставните алатки, како што се ножиците или отворачите, им се создава проблем на левучарите, пред се поради прилагоденоста на секој предмет претежно на десничарите.

Но, со оглед на тоа дека овој ден им е посветен, направивме список на познати левучари кои и покрај оваа нивна карактеристика успеале да се докажат и да постигнат високи цели.

Првиот на списокот е „со сина крв“, а станува збор за принцот Вилијам, професионален војник, кој е татко на малото момче – принцот Џорџ, за кого се уште не е познато дали ќе ја користи повеќе левата или десната рака.

Фото: Профимедиа

На второ место е филмската легенда Чарли Чаплин, кој со левата рака мајсторски умееше да маневрира со стапот. Фактот дека тој бил левучар не го спречил да биде еден од најголемите комичари на сите времиња.

Фото: Профимедиа

Славната слика „Мона Лиза“ била насликана со левата рака на познатиот ренесансен мајстор и генијалец Леонардо да Винчи. Но, не само таа, туку и „Тајната вечера“, „Свети Јован Крстител“, како и многу други ремек-дела.

Левучар исто така бил и еден од најголемите гитаристи во историјата на рокенролот – Џими Хендрикс, кој со лева рака ја отсвири американската химна во Вудсток во 1968 година.

Фото: Профимедиа

Еден од светски познатите левучари е и шпанскиот тениски ас Рафаел Надал, кој со своите успеси потврдува дека левучарите имаат свое место и во спортот.

Фото: Профимедиа

А дека левучарите можат да станат милијардери е доказ основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс.

Фото: Профимедиа

Меѓу славните левучари се актерката Скарлет Јохансон, пејачката Лејди Гага и поранешниот американскиот претседател Барак Обама.

Фото: Профимедиа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот