Левица со кривична пријава за ЕВН за кражбите на струја во Арачиново

евн Македонската Електродистрибуција ДООЕЛ
ЕВН / Фото: МИА

Левица соопшти дека до Основното јавно обвинителство – Скопје поднесе кривична пријава против Сашо Салтировски и Јохен Хагеман, менаџери на „Електродистрибуција“ ДООЕЛ поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „Непријавување на кривично дело или сторител“, казниво по чл. 364, ст. 1 од Кривичниот законик на РМ, со запретена затворска казна до три години.

„Пријавените се теретат дека во својство на службени лица, управители на компанија за снабдување со електрична енергија, во подолг временски период свесно и намерно прикривале и не пријавувале кражба на струја во поголем износ, односно незаконско користење електрична енергија од страна на жителите на општина Арачиново. Со толерирање на илегалните приклучоци на електродистрибутивната мрежа, сторена е штета во износ од шест милиони евра на годишно ниво“, соопшти партијата.

Од Левица додаваат дека очекуваат надлежното ОЈО – Скопје, сериозно да работи на кривичната пријава и по неопходниот распит на пријавените, како и по комплетирање на целокупната релевантна документација за ова продолжено кривично дело, да покрене обвинение против актуелните управители на ова правно лице. Со тоа, според партијата, еднаш засекогаш би се ставил крај на сè позачестената неказнивост на дивите приклучоци на струја во општина Арачиново.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот