Лејкерси го „прегазија“ Мајами и поведоа во НБА финалето! (ВИДЕО)

Фото: EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс ја совладаа екипата на Мајами Хит со 116:98 во првиот натпревар од големото НБА финале. Лејкерси на убедлив начин поведоа со 1:0 во завршната битка за титулата.

„Езерџиите“ доминираа против „жешките“, на моменти во текот на мечот имаа предност и од дури 30 поени разлика.

Такво нешто не се најавуваше барем на стартот од средбата, бидејќи играчите на тренерот Ерик Споелстра шутираа 7/7 за три и изненадија со 13 поени разлика, но составот на Френк Вогел веднаш се консолидираше, реализираше од скоро сите позиции и многу брзо ја стопи негативата.

Најефикасни во победата на тимот од ЛА беа Џејмс и Дејвис. Овој вториот запиша 34 поени (девет скока), додека „кралот“ постигнаа 25 поени (13 скока и девет асистенции).

Во редовите на Мајами прв стрелец беше Батлер со 23 поени, 18 додаде Нан, 14 Хиро, а 12 Крудер.

Треба да се напомене дека Хитси имаа кадровски проблеми, откако дуелот не можеа да го завршат Адебајо и Драгиќ поради повреди.

Вториот натпревар од финалната серија е закажан во ноќта помеѓу петок и сабота од 03.00 часот по македонско време.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот