„Лејди Гага е марионета на ѓаволот на која ЦИА и го испрала мозокот“: Томи Џи ја обвини пејачката дека е сатанист, Сатанистичката црква му одговори

Instagram

Иако 34-годишната пејачка Лејди Гага ја поврзуваа со масони, илуминати и разни други организации и секти, сега се појави нова теорија дека Гага е поврзана со сатанистичката црква.

Поткастот „No Mercy“ (Без милост) е популарен меѓу американските конзервативци и патриоти, а Томи Џи, кој стои зад него на Твитер изнел теза и „докази“, според кои пејачката ја поврзал со сатанистичката црква и нивните ритуали.

„Таа е марионета на ѓаволот на која ЦИА и го испрала мозокот. Ја претворија во човечки робот. Сите нејзини настапи и спотови содржат мноштво сатанистички симболи“, напишал Томи.

„Совршен пример на скоро секоја позната личност која ја контролираат илуминати: има ментални проблеми, ја злоставувале како дете, суицидна е и се жртвува во чест на сатаната“, додал.

Исто така напишал дека музиката наЛејди Гага е наменета за наивните деца кои се лесни за контролирање и дека е лош пример.

Сепак, Томи Џи не се надевал дека ќе добие и официјален одговор од сатанистичката школа.

„Потребни се три секунди на Гугл да се истражи и да се дознае дека овие примери немаат врска со сотонизмот, па нема да си го трошиме времето за во 20 делови да ти објасниме зошто ова те прави неук теоретичар на завери“, му порачале од сатанистичката црква.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот