Леброн повторно ќе игра со Кајри Ирвинг, а Дурент со Вестбрук?!

Џејмс и Ирвинг со Кливленд во 2016 година ја освоија титулата во НБА/ фото: EPA/LARRY W. SMITH

Управата на Бруклин нетс не е подготвена да му понуди нов договор на Кајри Ирвинг и можно е ол стар бекот да биде дел од мегаразмена по која повторно би станал соиграч со Леброн Џејмс.

Управата на Бруклин не сака да ризикува со Ирвинг кој често е повреден, а во регуларниот дел од сезоната речиси и да не играше поради неговиот став да одбие да се вакцинира против коронавирусот.


Новинарот Кристијан Винфилд тврди дека Бруклин не е подготвен да му понуди нов договор на еден од своите двајца играчи, Кајри Ирвинг со што веднаш започнаа шпекулациите за тоа каде може да ја продолжи кариерата и како следен клуб во кариерата на ол стар бекот се споменува Лос Анџелес лејкерс.

Дел од медиумите пишуваат дека би требало двете екипи да ги размена само бекови, без да вметнуваат дополнителни кошаркари во размената.

Лејкерси бараат начин како да се ослободат од Расел Вестбрук кој не ги оправда очекувањата, постигнувајќи просечно 18,5 поени, 7,4 скокови и 7,1 асистенција по натпревар, а тимот од Лос Анџелес иако важеше за еден од главните фаворити за титулата не успеа да обезбеди пласман во финалето.

Доколку се реализира размената, Ирвинг повторно би играл со Леброн Џејмс со кого во 2016 година ја освоија титулата настапувајќи за Кливленд, додека Вестбрук повторно би бил соиграч со Кевин Дурент. Тие двајца осум години заедно настапуваа за Оклахома сити тандерс.

Лејкерси освен што бараат начин како да се ослободат од платата на Вестбрук (сезонава заработи 44.2 милиони долари), се во потрага и по нов тренер.


Како најсериозен кандидат за нов тренер на ЛА Лејкерс се споменува поранешниот тренер на Портланд Тери Стотс кој веќе имал разговор со управата на „езерцата“. Освен Стотс, разговор со управата на Лејкерси треба да имаат и асистентот на Стив Кер во Голден Стејт, Кени Аткинсон и помошниот тренер на Милвоки, Дарвин Хам.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот