Лажна тревога направи хаос на аеродромот во Амстердам

Фото: Твитер/Марк Кромптон

Лажна дојава за киднапирање на авион предизвика силна полициска реакција на аеродромот Шипхол во Амстердам, пренесе Би-Би-Си.

Холандската полиција на Твитер напиша дека истражува „сомнителна ситуација“, а дел од аеродромот, кој е еден од најпрометните во Европа, беше затворен за патниците додека се испитуваа настаните.

Но, откако луѓето беа евакуирани од авионот, „Ер Еуропа“ објави дека пилотот ненамерно го вкучил алармот.

– Лажна тревога. Во летот од Амстердам за Мадрид ова попладне ненамерно беше активирано предупредување кое ги започнува протоколите за киднапирање на авион – напишаа на твитер од авиокомпанијата.

„Ништо не се случи, сите патници се безбедни и чекаат да полетаат. Длабоко се извинуваме“, стои во извинувањето ан „Ер Еуропа“.

За време на паниката, на социјалните мрежи се појавија фотографии на кои може да се забележи дека дел од аеродромот е затворен за јавноста.

Други авиони слетуваа на другите делови од аеродромот и покрај хаосот, но дел од службите за спасување беа повикани на местото на настанот.

Инцидентот е опишан како GRIP-3 ситуација, рекоа холандските официјални лица, што значи дека се случува сериозен инцидент со големи последици за локалното население.

Шипхол е еден од најпрометните аеродроми во Европа, каде минуваат повеќе од 70 милиони патници годишно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот