Лазаров дополнително повика ракометар на Вардар за натпреварот со Австрија
Селекторот на Ракометната репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, направи дополнување на списокот на играчи за претстојната ЕХФ недела, во која националниот тим ќе одигра контролен натпревар против Ракометната репрезентација на Австрија.
Препорачано
Новото име во составот е ракометарот на Вардар 1961, Кристијан Атанасовски. Кружниот напаѓач добива шанса за прв настап во сениорскиот национален тим, што претставува негов дебитантски повик на ова ниво.
Во меѓувреме, од комбинација за овој собир отпадна пивотот Марко Стојковиќ. Покрај него, во составот нема да бидат ниту поискусните репрезентативци Никола Маркоски, Никола Митревски и Жарко Пешевски, како и повредениот Мартин Ѓорѓиев.
За пријателската пресметка со Австрија, селекторот ќе располага со вкупно 19 ракометари. Репрезентативците ќе се соберат на 17 март, додека контролниот натпревар е закажан четири дена подоцна.
ФОТО | Лазаров го објави списокот за натпреварот со Австрија, се враќа Лазаревски
Ракометарите од втор шешир ќе ги чекаат противниците во квалификациите за ЕП 2028
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
3час
-
3час
-
5час
-
6час
-
6час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


