Лазаревски претпоследен во супер-велеслалом на Зимските младински игри

Мирко Лазаревски е првиот македонски спортист кој настапи на Зимските младински олимписки игри во Лонзана.

Тој на трката во супер-велеслалом го освои претпоследното место откако патеката ја мина со време од 1:03.43 минути, што беше за девет секунди поспоро од првопласираниот Адам Хофштед од Шведска.

Сребрениот медал го освои Словенецот Рок Азнох од Словенија, а последното место на победничкиот пиедестал му припадна на Лук Родит од Швајцарија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот