Лани биле пречистени само 20 отсто од отпадните води

Во 2025 година деловните субјекти во земјава зафатиле вкупно 6.067 милиони кубни метри вода, што е намалување од 11,3 проценти во споредба со 2024 година.

Од ова количество, 3.096 милиони кубни метри се искористени, додека 3.046 милиони кубни метри се испуштени како отпадни води. Од нив, само 629 милиони кубни метри, односно 20,6 проценти, биле пречистени.

Речиси половина од водата (49,7 проценти) е зафатена од површински извори како реки и езера.

Последните податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека за Користење и заштита на водите од загадување кај деловните субјекти во 2025 година, вкупно, претпријатијата зафатиле 6.067 милиони кубни метри вода, при што најголем дел, 99 проценти, отпаѓа на секторот за снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација.

Овој енергетски сектор и најмногу троши вода, со 3.033 милиони кубни метри. Во останатите дејности потрошувачката е значително помала: преработувачката индустрија користела 42 милиони кубни метри, рударството 12 милиони, земјоделството 4 милиони, водоснабдувањето и управувањето со отпад 4 милиони, а градежништвото 2 милиона кубни метри.

Најголеми количини отпадни води повторно се испуштаат од енергетскиот сектор – 3.021 милиони кубни метри, од кои 624 милиони се пречистени.

Во другите дејности количините се многу помали, а дел од нив воопшто не ги пречистуваат отпадните води, како земјоделството и градежништвото.

Податоците покажуваат дека иако се троши помалку вода, процентот на пречистување на отпадните води останува релативно низок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот