„Лајка“ со кампања за подигање на свеста за подобрување на благосостојбата на бездомните животни

Фото: ЈП „Лајка“

4 Април, Светскиот ден на бездомните животни

По повод 4-ти Април, Светскиот ден на бездомните животни, ЈП „Лајка“ започнува кампања со цел подигање на свеста за подобрување на благосостојбата на бездомните животни и градење на култура за вдомување на бездомно животно.

– Секоја година ширум светот илјадници бездомни кучиња страдаат од глад, студ, ризик од топлотен удар, малтретирање, ризик од труење, појава на болест, смрт итн. Во чест на овој ден ги советуваме сите граѓани да им обезбедат засолниште на своите маалски миленици, да постават садови за храна и вода на местата каде најчесто се стационираат бездомните животни во нивното маало, да донираат храна, ќебенца, поводници, околувратници и други дополнителни реквизити во некој локален шелтер, да дадат поддршка на здруженијата и организациите за заштита на животни, да вдомат бездомно животно (маче или куче) – информираат од ЈП „Лајка“.

Како дел од оваа кампања од јавното претпријатие ги покануваат сите љубители на кучиња, нивни досегашни вдомувачи, пријатели, соработници и активисти да им се приклучат на второто пролетно дружење со кучињата од прифатилиштето на ЈП „Лајка“, оваа сабота 9-ти aприл 2022година, во периодот од 11:00 до 14:30 часот во Градскиот Парк во Скопје, збирно место Фонтана.

– Сите заинтересирани граѓани кои сакаат да шетаат некое од кучињата згрижени во ЈП „Лајка“, може да ги разгледаат на нашите социјални мрежи и да го одберат своето омилено со тоа што ќе се пријават на нашата електронска адреса [email protected]. Потоа нашите вработени ќе им дадат одговор дали тоа куче е соодветно за да биде дел од оваа наша активност која ќе се спроведе овој викенд – дообјаснуваат од ова јавно претпријатие.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот