Лајчак со Фајнер и Слот за чекорите за деескалација на ситуацијата на северот на Косово

Мирослав Лајчак / Фото: EPA-EFE/RICCARDO ANTIMIANI

Специјалниот пратеник за дијалог Мирослав Лајчак се сретна со првиот заменик советник за национална безбедност на САД, Џон Фајнер и високата директорка за Европа, Аманда Слот, со која разговараше за ситуацијата на северот на Косово.

Лајчак на Твитер изјави дека на средбата се разговарало за деескалација на ситуацијата и напредок во дијалогот меѓу Косово и Србија.

„Многу корисен состанок со првиот заменик советник за национална безбедност на САД, Џон Фајнер и вишиот директор за Европа Аманда Слот за ситуацијата во северно Косово, чекорите потребни за деескалација и напредок во дијалогот поддржан од ЕУ“, рече Лајчак.

Во врска со средбата со американскиот претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, Лајчак истакна дека размениле оценки за состојбите во регионот и заедничките напори.

Тој им се заблагодари на САД за блиската соработка и силната поддршка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот