Две лица тешко повредени во сообраќајка на патот Охрид-Ресен

Фото: МВР

Две лица се тешко повредени, од кои и малолетник во сообраќајна несреќа која се случила вчера на патот Охрид-Ресен.

„На 28.04.2024 година во 13:40 часот, на крстосница на магистралниот пат Охрид-Ресен со локалниот пат за селото Завој, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничките автомобили „Сеат Леон” со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од Ј.К.(31) од селото Бегниште, општина Кавадарци и „Опел Корса” со ресенски регистарски ознаки, што го управувала Н.С.(45) од Ресен. Притоа, со тешки телесни повреди, се здобил малолетен сопатник во второто возило додека Н.С.- возачот на истото возило, се здобила со телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо” во Охрид“, информираат од МВР.

За настанот, известен е јавен обвинител, а увид изврши увидна екипа од СВР Охрид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот