25.8 C
Скопје

Лагите и конспирациите за Ковид 19, не ја поштедија ни починатата 24 годишна девојка од Тетово

Скандалозни лаги и инсинуации за начинот на кој била лекувана 24 годишната девојка која почина од компликации од коронавирусот на Инфективната клиника се шират на Фејсбук во групата антиваксери односно ,,Здравје на игла не влегува”. Постот понатаму е споделуван на повеќе други платформи а во него наводна пациентка за која се тврди дека наводно лежела во иста соба со девојката, обвинува дека на покојната не и била пружена адекватна лекарска помош.

„ГОЛЕМА ЛАГА ЗА ПОЧИНАТАТА 24 годишна девојка: Жена која лежела со неа во собата во болницата посведочи: девојката не почина од корона туку почина од крварење за кое не и беше пружена НИКАКВА лекарска помош!“, пишува во Фејсбук објавата.

 

Меѓутоа, оваа информација е лажна. Девојката не само што била лекувана со сите терапии и од страна на инфектолози и кардиолози, туку и за целото време на хоспитализацијата била во изолирана соба, сама, како што налага протоколот. Статусот на албански јазик кој е злоупотребен за лажната вест, инаку се однесува на 21 годишна девојка од Косово.

-Девојчето лежеше во еднокреветна соба па на интензивна нега каде е исто така еднокреветна собата, така да госпоѓата што го тврди ова, под услов да постои, треба да се срами. Жално е, изјави за Слободен печат директорката на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби доктор Милена Стевановиќ.

За овој случај на смрт настаната од компликации со коронавирусот, кај младата пациентка од Тетово, ќе има дополнителни испитувања за да се утврди дали имала претходни коморбидитети, кои што во официјалниот медицински картон не биле познати.

Поврзани вести

Автомобил удрил во велосипедистка во Охрид, со тешки повреди пренесена во болница

Слободен печат

Славчо Апостолов од Скопје ослабе 120 килограми и моли да му ги оперираат нозете за да може да живее нормално

Мирослава Бурнс

Санкционирани 176 возачи кои возеле под дејство на алкохол

Слободен печат

Франција го укина полицискиот час, подобрена здравствената состојба во земјата

Слободен печат

Добро утро џезери

Ѓорѓе Краишник/Ослобоѓење

Алабанија: Бесплатни брзи тестови за туристите кои ќе пројават симптоми на ковид-19

Слободен печат

Остави Коментар