Квалификации ЕП: Турција се израмни со Македонија по убедливата победа над Луксембург

фото: thf.org.tr

Започна и четвртото коло во квалификациите за пласман на Европското првенство во Германија кое ќе се одржи во 2024 година.

Во рамките од групата „1“ селекцијата на Турција по вторпат го совлада Луксембург, овојпат убедливо на домашен терен со 31:20.

Јагмуроглу со седум голови, и Канбероглу и Пехливан со по шест беа најефикасни во победничките редови.

Први стрелци на спротивната страна беа Илиќ со пет и Кајсен со четири погодоци.

На табелата води Португалија со шест бодови, пред Македонија со четири, а исто толку има и Турција на третата позиција, додека Луксембург останува без бодови.

Колото ќе биде комплетирано со дуелот меѓу Португалија и Македонија кој ќе стартува денеска од 18.30 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот