Лазаров со две измени во составот за денешниот натпревар против Португалија

фото: Ракометна федерација на Македонија

Денеска најдобрата македонска ракометна репрезентација ќе го игра својот четврти натпревар од квалификациите за пласман на Европското првенство 2024 во Германија.

Нашите најдобри ракометари од 18.30 часот по вторпат ќе се соочат со Португалија која пред три дена славеше во Скопје со 23:29.

Судии на денешниот меч се Данците Јеспер Киркхолм Мадсен и Хенрик Мортенсен.

Македонскиот селектор Кирил Лазаров во однос на претходниот меч направи две измени во тимот.

Шанса добиваат Михаил Аларов и Михајло Младеновиќ, а надвор од составот се Цветан Кузмановски и Марко Мишевски.

Составот на Македонија: Митревски, Велковски, Ѓоргиев, Митев, Томовски, Н. Маркоски, Кузмановски, Костески, Младеновиќ, Јагуриновски, Џонов, Стојковиќ, Аларов, П. Атанасијевиќ, Серафимов, Петров.

На табелата по три одиграни кола во квалификациската група „1“ води Португалија со шест бодови, четири има Македонија, два Турција, а ниту еден Луксембург.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот