Куштрим Рамадани за „Слободен печат“: Утрово повторно позајмивме помало количество струја од европската мрежа, времето ни оди од рака
За да се обезбеди редовно снабдување, утринава се повлечени од 30 до 40 мегавати струја од Европската енергетска мрежа, информира за „Слободен печат“, Куштрим Рамадани, директор на МЕПСО. Тој вели дека во целата ситуација, временските прилики ни одат од рака, бидејќи е релативно топло за овој период од годината, па енергетската состојба се менаџира со домашното производство од хидроцентралите и од направениот увоз на ЕСМ.
Препорачано
-Преземавме струја, но помалку од претходно, затоа што и времето ни оди во прилог. Веќе сте информирани дека РЕК Битола е вон системот, домашното производство е сведено на минимум, но, струја има и од увозот кој го направи ЕСМ – објасни Рамадани.
Според најавите, Владата утре треба да прогласи кризна состојба со што ќе се отвори можност да се вбризгаат буџетски пари во енергетските компании. Деновиве ќе стигнат фактурите од преземањата на струја кои МЕПСО ги правеше во претходниот период.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
1мин
-
12мин
-
13мин
-
14мин
-
17мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


