Курти и Вучиќ со спротивставени изјави за минатонеделните состаноци во Брисел

Фото: Архива на „Слободен печат“

Премиерот на Косово, Албин Курти, во петок на пратениците треба да им ги открие деталите за документот за кој рече дека изразил подготвеност да го потпише минатата недела во Брисел, изјавите на опозициските пратеници ги пренесува Алсат.

Опозицијата во Косово вели дека Курти има законска обврска да поднесе извештај по средбите во Брисел на 26 октомври со лидерите на Франција, Германија, Италија и со највисоките претставници на Европската унија.

„Каква ќе биде таа асоцијација или ‘заедница’ како што ја нарекуваа, каква ќе биде штом премиерот се согласи да се спроведе во блиска иднина? Ве уверуваме дека ние како опозиција нема да дозволиме ниту една таква институција да се формира без претходно Уставниот суд јасно да се изјасни за неа, таа да биде во целосна согласност со Уставот на нашата земја“, рече Абелард Тахири од Демократска партија на Косово.

„Во минатото кога преговарачите и соговорниците не ги објавуваа документите, дури ни на политичките партии, тогаш премиерот на Косово тоа го нарече предавство или тенденција да се кријат акти на предавство. Не знаеме што има во тие документи. За нас, како Собрание на Косово е важно да имаме пристап до тие документи“, рече Арбен Гаши, Демократски Сојуз на Косово.

„Неприфатливо е од премиерот да се однесува како монарх. Живееме во демократија, а не во монархија. Затоа, за овој договор е неопходно за да се даде отчет пред Собранието“, рече Бесник Тахири, Алијанса за иднината на Косово.

По одвоените средби на Курти и српскиот претседател Александар Вучиќ со европските лидери, косовскиот премиер рече дека го прифаќа предлогот за Асоцијацијата и е подготвен да потпише договор за нормализација на односите, но српскиот претседател Александар Вучиќ, не прифати.

Во меѓувреме, Вучиќ изјави дека не побарал никакво мотивационо писмо во Брисел, но дека нагласил дека Србија никогаш нема да ја признае независноста на Косово, пренесуваат медиумите во регионот.

– Некои велат дека еден човек е убиен во Бањска, па затоа мораме да реагираме на ваквите тврдења. Она што го кажавме во Собранието е дека ќе го исполниме она што не се однесува на признавањето на т.н на Косово или членство во ОН – нагласи претседателот Вучиќ.

Тој додаде дека преговорите се како маѓепсан круг и дека Албанците измислуваат трик по трик за да не измамат некого во Европа или во САД.

– Не барав никакво мотивационо писмо, како што рече Албин Курти. Реков дека сме подготвени да ги исполниме нашите обврски, а потоа ставив запирка и додадов дека не можеме да прифатиме ништо поврзано со признавање на Косово или членство во ОН. Тоа го кажав и во Охрид и во Кишињев, тоа го кажував секој пат – нагласи претседателот на Србија.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот