Куркумата е сериозен противник на дијабетесот

Над 13 милиони луѓе во светот се погодени од дијабетес. Дијабетесот од тип 1 се
случува кога панкреасот не произведува доволно инсулин, а дијабетес од тип 2 кога клетките на телото не успеваат да одговорат на инсулин, па така и двата придонесуваат за висок шеќер во крвта.

Куркуминот е природно антидијабетско средство. Неговите антиоксидативни и антивоспалителни моќи помагаат во третманот на дијабетес и други состојби кои настануваат како компликација при состојба на дијабетес.

Студија направена на животни покажува дека куркуминот е ефикасен агенс за намалување на шеќерот во крвта, а притоа може да ги подобри крвните липиди кај дијабетичарите. Куркуминот, исто така, ја спречува отпорноста на инсулин.

Студиите покажуваат дека додатокот од куркумин за 9 месеци го преобраќа
развојот на дијабетес кај предијабетичното население.

Внесете куркумин во вашата исхрана уште денес. Подобро е да се спречи отколку да се лечи!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот