Курдите негираат вмешаност во несреќата во Истанбул

Фото: EPA/EFE

Курдската милитантна група ПКК негираше вмешаност во вчерашниот бомбашки напад во Истанбул, велејќи дека не врши напади врз цивили, се вели во соопштението објавено на нејзината веб-страница денеска.

„Не доаѓа предвид ние да насочиме напад врз цивили на кој било начин”, соопшти Курдската работничка партија (ПКК), отфрлајќи ги тврдењата на Турција дека таа и сириската курдска милиција, Единиците за народна заштита (ИПГ) се одговорни за експлозијата во која загинаа шест лица.

Сириската курдска милиција ИПГ се истакна како добро организирана вооружена група за време на сириската граѓанска војна. Тие воспоставија упориште на северот на земјата по повлекувањето на сириските владини сили и се поврзани со главната фракција на сириските Курди, Партијата на Демократската унија (ПИД).

Турција смета дека ПИД и ИПГ не се разликуваат од Курдската работничка партија (ПКК), која е на листата на терористички организации во Турција, ЕУ и САД

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот