Купил робинка за да гледа како ја ЈАДАТ (ФОТО+ВИДЕО)

Фото: Јутјуб

Џејмс Џејмисон, наследник на богатата компанија Џејмисон Ирско Виски, во една прилика купил 10 годишна робинка. За неа платил шест свилени руби. Неговата цел? Сакал да гледа како канибали ќе ја убијат, осакатат и на крај – изедат.

Според Њујорк Тајмс, Џејмисон бил фасциниран од идејата за канибализам, па сакал да го искуси тоа, ако не од прва, тогаш од втора рака.

Можноста му се пружила во 1890 година, кога тој патувал во Африка, бидејќи тој и неговиот преведувач наишле на канибалистичко племе. Неговата болна желба почнала да расте. Тој се консултирал со поглаварот на племето, кој му рекол дека ако сака да сведочи на таа церемонија, тогаш треба да ја набави девојката која треба да биде изедена.

Џејмисон, возбуден, се вратил 15 минути подоцна со 10 годишно девојче кое го купил од локалниот трговец на луѓе. Преведувачот пристапил кон поглаварот и рекол: „Ова е подарок од човекот чија желба е да гледа како таа ќе биде изедена“.

Според сведоци на случувањето, канибалите го врзале девојчето за дрво, па два пати ја забоделе со нож во стомакот. Домородците потоа сечеле дел по дел од нејзиното тело и јаделе, додека Џејмисон ја скицирал сцената во својот тефтер. Откако завршило, Џејмисон и преведувачот се упатиле во колибата на поглаварот, каде Џејмисон го завршил својот цртеж со водени бои.

Фото: Пинтрест

На крајот, тој имал шест цртежи од канибалската гозба. Првиот бил како девојката ја водат до дрвото, вториот бил моментот кога девојчето го избоделе. Третиот покажувал како го сечеле девојчето, додека четвртиот, петтиот и шестиот покажувале како мажите ги носеле и ги јаделе различните делови од нејзиното тело.

Не е познато дали Џејмисон некогаш бил осуден на било каков начин заради овој инцидент, но ја покажува во ново светло рекламата на славниот пијалок, кој го прикажува Џејмисон како ја спасува девојката и сандакот со виски од сокол.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот