Куп на Италија: Милан ремизираше против Јувентус! (ВИДЕО)

фото: твитер

„Росонерите“ пропуштија убава можност да триумфираат против „Старата дама“, а освен тоа на реваншот во Торино ќе играат без Ибрахимовиќ.

Во првиот натпревар од полуфиналето во фудбалскиот Куп на Италија ремизираа екипите на Милан и Јувентус со резултат 1:1.

Немаше голови после првото полувреме на „Сан Сиро“ во Милано, а во 30. минута жолт картон доби Златан Ибрахимовиќ и на тој начин нема да може да им помогне на „росонерите“ на возвратната пресметка.

Швеѓанецот не се запиша во листата на стрелците, но затоа за водство на домаќините во 61. минута после асистенцијата на Кастиљехо се погрижи хрватскиот интернационалец Ребиќ.

Во 72. минута Хернандез во тимот на Милан поради втор жолт картон на дуелот мораше предвреме да го напушти теренот.

„Старата дама“ беше многу блиску да си замине од ова гостување со пораз, но тоа не го дозволи во самиот финиш. Во судиското надополнување (90+1`) со рака во казнетиот простор играше Калабриа кој го спречи Роналдо да постигне гол со ножички, но затоа Португалецот беше сигурен од белата точка за поставување на конечниот епилог.

Реванш мечот во Торино ќе се одигра на 4. март, а еден подоцна Наполи на „Сан Паоло“ ќе го пречека миланскиот Интер.

Потсетување дека во средата „наполитанците“ и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас како гости во првите 90 минути на „Џузепе Меаца“ триумфираа против Интер (0:1).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот