Куомо: Нема шанси да поднесам оставка

Гувернерот на Њујорк, Ендрју Куомо повторно одби да поднесе оставка и покрај критиките од влијателните колеги демократи во врска со скандалот со сексуално вознемирување.

– Нема да поднесам оставка поради неосновани обвиненија, повтори тој откако Андреа Стјуарт-Кузинс, лидер на Сенатот на државата Њујорк рече дека треба да поднесе оставка „за доброто на државата”.

– Нема шанси да поднесам оставка, истакна Куомо.

Стјуарт-Кузинс рече дека обвинувањата за малтретирање против Куомо од страна на поранешни соработници се појавија во критично време кога државата се бори со пандемијата.

– Треба да управуваме без непотребно одвлекување внимание, рече Стјуарт-Кузинс подвлекувајќи дека „гувернерот Куомо мора да поднесе оставка”.

Поранешната помошничка на Куомо, Линдзи Бојлан, тврди дека гувернерот ја принудил да го бакне и ѝ дал непристоен предлог, обвинувања што тој ги негираше.

– Никогаш не сум допрел некого несоодветно, рече Куомо, додавајќи дека сега сфаќа оти ги натерал неговите обвинувачи да се чувствуваат „непријатно”.

– Не беше намерно. Искрено и длабоко се извинувам, рече тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот