Кумановка го нападнала синот со нож

Фото: илустрација

Лекарите констатирале телесна повреда кај него и тешки телесни повреди кај неговата 85-годишна мајка, соопшти денеска СВР Куманово.

Кумановец пријавил дека неговата мајка го нападнала со остар предмет. Лекарите констатирале телесна повреда кај него и тешки телесни повреди кај неговата 85-годишна мајка, соопшти денеска СВР Куманово.

– Вчера во 16:52 часот во СВР Куманово, Н.С.(61) од Куманово пријавил дека во неговата семејна куќа на улица „Белановска” со остар предмет бил нападнат од неговата мајка В.С.(85). Во Општата болница Куманово кај пријавителот Н.С. била констатирана телесна повреда, додека кај В.С. биле констатирани тешки телесни повреди, информираа од СВР Куманово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот