Кучето Броди ги развесели децата во болница, луѓето пишуваат: Тој шири љубов

куче
Кучето Броди / Фото: Принтскрин/brodiethatdood

Кучето Броди, мешавина од златен ретривер и пудлица, е вистинска ѕвезда на социјалните мрежи. Покрај тоа што неговиот сопственик објавува слатки фотографии и видеа од неговите авантури, Броди е познат и по тоа што ги посетува децата во болница.

Неодамна, на инстаграм-профилот #brodiethatdood се појави видео како Броди ги посетува малите пациенти во детската болница Самерлин. Сопственикот го донел Броди во ранец, а децата биле воодушевени од овој необичен посетител.

„Ова ме расплака“, „Ова е најдоброто нешто што Броди го направил“, „Честитки Броди!“, „Броди ја шири љубовта“, напишаа следбениците во коментарите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот