Куба ги легализира истополовите бракови

Фото: EPA-EFE/Yander Zamora

Куба ги легализира истополовите бракови, откако граѓаните гласаа за Семејниот законик, со што се зголемува заштитата на малцинствата во островската замја, објави денеска Националниот изборен совет.

Од оние со право на глас, 74,1 отсто излегле да гласаат на вчерашниот национален референдум.

Со 94 отсто од гласовите пребројани, 3,936,790 гласале во корист, а 1,950,090 против.

Новиот семеен кодекс ја зголемува заштитата на жените, децата и на постарите лица, како и им дозволува на ЛГБТК+ паровите да се венчаат и да посвојуваат деца.

Иако хомосексуалноста е легализирана во Куба од 1979 година, голем број припадници на ЛГБТК+ заедницата рекоа дека сè уште се соочуваат со отворена дискриминација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот