Крвави инциденти во Сараево: напаѓач со нож убил еден човек, еден е ранет

Фото: N1

Еден човек загина вечерва, а друга жртва е тешко повредена, откако напаѓач ги избодел со нож во два одвоени напада, на две локации, јавија локалните медиуми.

Како што за „Н1“ потврди Мирза Хаџиабдиќ, портпарол на МУП на кантонот Сараево, напаѓачот е уапсен.

„Полицијата на кантонот Сараево околу 19.50 часот била известена дека на подрачјето на општина Центар Сараево повредени се две лица со употреба на нож. Напаѓачот е фатен и е лишен од слобода“, се вели во полициското соопштение.

Како што се додава, еден повреден од добиените повреди починал, а другиот е пренесен во болница.

Полицијата најави повеќе детали откако ќе заврши истрагата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот