Крос удри по ФИФА и УЕФА: Ние сме марионети, не цедат поради пари

Тони Крос би можел да ја продолжи кариерата во амбициозниот Њукасл/Фото: EPA-EFE/JuanJo Martin

Се погласни се критиките на сметка на УЕФА и на ФИФА поради преголемиот број на натпревари во една сезона.

Помеѓу тренерите најгласни се Пеп Гвардиола и Јирген Клоп кои редовно потенцираат дека фудбалерите од година во година се повеќе исцрпени поради големиот број на натпревари во една сезона, а сега гласот почнаа да го креваат и самите фудбалери.

Прв кој јавно се пожали поради преголемиот број натпревари е Тијаго Силва, а сега се огласи и фудбалерот на Реал Мадрид и член на германската репрезентација, Тони Крос кој распали по ФИФА и УЕФА.

– За, жал ние фудбалерите не одлучуваме за тоа. Ние сме марионети на ФИФА и УЕФА. Кога би постоел синдикат на фудбалери, не би играле Лига на нации ниту Шпански Суперкуп во Саудиска Арабија. . Тие натпреварувања постојат само за да се земат повеќе пари, а физички ги исцедија играчите. Не мора секогаш се да биде повисоко, побрзо со повеќе пари – изјави Крос.

Тијаго Силва го крена гласот: Ние не сме машини

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот