Тијаго Силва го крена гласот: Ние не сме машини

epa08799275 Thiago Silva of Chelsea in action during the UEFA Champions League group E soccer match between Chelsea FC and Stade Rennes in London, Britain, 04 November 2020. EPA-EFE/Clive Rose / POOL

Искусниот дефанзивец на Челси, Тијаго Силва, истакна дека зголемениот број на натпревари го зголемува и ризикот од повреди на фудбалерите. Бразилецот за медиумите во татковината зборуваше за згуснатиот распоред со кои се соочуваат фудбалерите ширум светот. Тој прв ја отвори темата која се наметна од почетокот на пандемијата на коронавирусот.

Ние не сме машини. Неодамна видовме студии и истражувања кои покажуваат дека се зголемуваат ризиците за повреда доколку играте четири или пет натпревари на секои три дена. Тоа е загрижувачки – изјави Силва.

Тијаго Силва по завршувањето на минатата сезона во која со ПСЖ играше во финалето на Лигата на шампионите и загуби од Баерн Минхен, како слободен играч се пресели во Челси и во последниот натпревар за „сините“ против Шефилд го постигна првиот гол во Премиер лига.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот