„Кроација куп“: Македонија поразена од Хрватска, следува нов тест против Израел

На првиот натпревар на меѓународниот „Кроација куп“ денеска во Пореч македонската сениорска репрезентација загуби од Хрватска со 40:34. По првото полувреме „коцкестите“ имаа предност од „плус три“, односно 22:19.

Водевме на почетокот со 1:0, и 2:1 по голот на Пешевски во третата минута, а потоа Хрватите се вратија со серија за 5:2 на семафорот. Ја вративме неизвесноста во 17 минута кога намаливме на 11:10, а стигнавме и до нерешени 15:15 откако гол запиша Манасков. Хрватите стапија повторно на сцена, одново се одвоија на разлика од „плус три“.

Не успеавме да се вратиме повторно резултатски во вториот дел, домаќините одржуваа разлика, успеавме да намаливме преку Кузмановски за 29:25. Одбраната не се покажа како најдобра на овој меч, тоа го искористи противникот кој на 10 минути до крајот се погрижи за води и со плус седум (34:27).

Во нашите редови Манасков беше најефикасен со девет голови, следен од Кузмановски со седум, а на спротивната страна Мартиновиќ имаше осум погодоци.

Избраниците на селекторот Кирил Лазаров утре (сабота) од 20.15 часот на турнирот ќе играат против селекцијата на Израел. Нашите најдобри ракометари се подготвуваат за настапот на Светското првенство во Полска и Шведска кое ќе стартува нa 11 јануари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот