Кривични пријави за напаѓачот на сопственикот на кафе бар во Дебар

Дебар, Фото: МИА

Три лица, еден косовски и двајца македонски државјани заработија кривични пријави под сомнение за убиство во обид и помагање на сторителот, за инцидентот што на 30 декември се случи во кафе бар во строгиот центар на градот.

– Одделението за внатрешни работи во Дебар поднесе кривична пријава против В.К. (48), државјанин на Косово, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „убиство во обид” како и против А.С.(40) од Дебар и У.Д.(69) од тетовското село Јажинце, за „помагање на сторител по извршено кривично дело”, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.

Додава дека на 30 декември 2020 во 9.45 часот, првопријавениот, влегол во угостителски објект на улицата „Братство Единство” во Дебар и со остар предмет го нападнал Б.П.(48) од Дебар, а потоа избегал со возило обезбедено од второ и третопријавениот.

Истиот ден во 17.30 часот на граничниот премин „Јажинце”, по извршена проверка, во врска со сторено кривично дело „убиство во обид” по член 123 во врска со член 19 од Кривичниот законик од слобода беа лишени А.С.(40) од Дебар, со место на живеење во Република Косово и У.Д.(69) од с. Јажинце, тетовско.

На сопственикот на кафе барот, Б.П. како што потврдија од Општата болница со проширена дејност му биле нанесени убодни рани со нож и тоа убодна отворена рана на вратот од левата страна, убодна рана на десната страна на градниот кош и помала исеченица на десната рака.

По дадената прва медицинска помош повредениот беше транспортиран во Клинички центар во Скопје тој се чувствува добро.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот