Кривични пријави за малолетници за намерно палење контејнери

За нив се поднесени кривични пријави за три дела.

Тројца малолетници ќе одговараат за намерно палење контејнери во текот минатиот месец во Тетово, информираат од полицијата. За нив се поднесени кривични пријави за три дела.

-Секторот за внатрешни работи Тетово ja расчисти серијата пожари на контејнери кои се случија минатиот месец во Тетово и изготви соодветен поднесок (известување) до Основното јавно обвинителство Тетово против тројца малолетници на возраст од 15 и 16 години од Тетово, а поради сомнение дека  сториле три кривични дела: „предизвикување општа опасност”, „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија” и „загадување на животната средина и природа”, казниви по членовите 288, 206 и 218 од Кривичниот законик, информира портпаролот Марјан Јосифоски.

Тројцата тетовски малолетници на 18 и 28 април годинава во вечерните часови предизвикале пожар на неколку контејнери на улиците „Благоја Тоска”, „107″ и „Илинденска” во Тетово, прекршувајќи ја при тоа и забраната за движење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот