Кривична за арачиновецот кој си ја уби сопругата

УБИСТВО ПИШТОЛ
Пиштол / фото: архива

Тој е осомничен за кривични дела „убиство“ во вршење семејно насилство и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.Н. (40) од од с.Арачиново, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство“ во вршење семејно насилство и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

На 29.04.2020 околу 12:45 часот, во семејниот дом на ул.„1“ во с.Арачиново пријавениот, по претходна расправија со неговата сопруга Б.Н.(36) од пиштол испукал еден проектил кон неговата сопруга, по што се дал во бегство.

Б.Н. била пренесена во здравствена установа во с.Арачиново, каде од лекар била констатирана смрт. Околу 13.30 часот во близина на бензинска пумпа во с.Арачиново, пријавениот бил лишен од слобода од полициски службеници, при што кај него било пронајден и одземен пиштол „берета“ кал.7.65 мм, кој го поседувал без дозвола и рамка со осум куршуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот